Ништо покомплициран од вообичаените колачи што се прават брзо и во еден сад со некое сезонско овошје.
Но, овојпат, наместо на вообичаениот начин, ставивме и уште некои состојки кои ќе ве вратат во детството…секако, доколку некогаш сте ги јаделе оние слатки плодови од дрвјата кои ги имаше во градскиот парк – рогач.
Состојки:
3 јајца
300 г брашно
100 г ситно мелен рогач
100 мл кокосово масло (наместо тоа можете да ставите и растопен путер или обичен зејтин)
100 г кафеав шеќер
200 мл јогурт
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
1 лажица рум
цимет
15 преполовени сливи
Приготвување:
Измешајте ги сувите состојки.
Во друг сад изматете ги јајцата со јогуртот и со маслото и румот.
Измешајте ги полека сувите и мокрите состојки и истурете ја смесата во претходно подмачкана и набрашнета тепсија.
Во смесата втиснете ги половинките на сливи со внатрешноста нагоре и поросете ги со ванилин шеќер и цимет.
Печете околу 30 минути на 180 степени.
Кога ќе биде готово, извадете го колачот и доколку сакате малку поблаги вкусови, поросете го колачот со шеќер во прав.