Пудинг од круши и ѓумбир

Крушите го навестуваат крајот на летото, а со нив можеме да правиме голем број слатки и солени јадења. Овој лесен рецепт за домашен пудинг го смисли легендарниот Џејми Оливер, а бидејќи е брз и едноставен, редовно ќе биде дел од вашето мени.

0
157

Крушите се богати со витамини и минерали неопходни за здравјето, како калиум, витамин Ц и К, фенолни соединенија, фолати, диетални влакна, бакар, манган, магнезиум, како и витамини Б-комплекс.

Состојки:

2 помали круши

50 г путер

50 г брашно

50 г шеќер или природен засладувач

1 јајце

1 лажичка ѓумбир

1 лажица рендана кора од портокал

2 лажици сируп од ѓумбир

Приготвување:

На хартија за печење ставете шолја од кафе или чинија за пудинг и со молив исцртајте два круга па исечете ги со ножици. Направете толку кругови колку што сакате да имате порции, а со бројот на порциите се зголемуваат и состојките.

Со путер намачкајте ја внатрешноста на шолјата или садот, а потоа намрсете ја и исечената хартија.

Крушите излупете ги и исечкјајте ги на ситни парчиња. Со миксер измешајте ги брашното, путерот, шеќерот и јајцето, а потоа додадете ги ѓумбирот и кората од портокал и измешајте рачно.

Во садовите за пудинг ставете лажица сируп од ѓумбир, додадете парченца круша и на крајот прелијте со тестото и поклопете со круговите од хартија. Печете во микробранова 4 минути на најсилна температура, извадете ги и оставете да се оладат.

Превртете ги садовите и извадете го пудингот. Декорирајте такашто ќе го полеете пудингот со сируп, ќе поросите со шеќер во прав или со парченца круши.