Состојки:
2 средно големи глкавици кромид
1 чешне лук
1 чили пиперче
1 л пилешка или растителна супа
5 поголеми домати
½ литар пасираниу домати (сок)
Сол, црн пипер
По желба: свежи листови коријандер
За послужување по човек:
Барем пола зрело авокадо исечено на коцкички
1 тортилја (ако немате, тогаш може да послужите и пченкарен чипс)
1 лажица кисела павлака
1 лажица здробено фета сирење
Приготвување:
Пропржете го исечканиот кромид, а потоа и лукот. Штом ќе замирисаат, пропржете ги кратјко и излупените и исечкани домати. Додадете сок од домати и варете 10 минути.
Додадете ја пилешката (или растителната) супа, чили и останатите состојки и варете 15 минути а потоа се иситнете со миксер.
На дното од секој сад ставете раздропбена тортилја и прелијте со супата. Ставете парчиња авокадо, евентуално свеж коријандер, кисела павлака, а во средината и раздробено фета сирење.