Ајурведски третмани и масажи во центарот на Скопје

Она што е особено интересно за нас е што во овие третмани се користат многу од зачините кои ги употребуваме и во кујната: кардамом, куркума, црн пипер, неем и други, како и сусамово, маслиново, неем масло, ладно цедени масла варени со билки...

0
467

Горан Поповски и Владо Сејменовски од Центарот за здрава исхрана, ајурведа, јога и медитација, од летово станаа ајурведски терапевти. Обуката ја завршија во Хрватска, а беа обучени од индиски терапевт.

Основната цел на ајурведските третмани е да се прочисти телото од неразградената и неискористена храна наречена ама или отрови кои се акумулираат во телото и предизвикуваат болести. Овој прочистувачки процес во ајурведата се нарекува панчакарма и се користи за намалување на симптомите, зајакнување на имунолошкиот систем и враќање на хармонијата и рамнотежата во телото.

Можете да одбирате помеѓу неколку видови на ајурведски тремани, но овојпат со македонски тарапевти кои ќе ви го објаснат секој одделно.
Она што е особено интересно за нас е што за овие третмани се користат многу од зачините кои ги употребуваме и во кујната. Па така, се користат кардамом, куркума, црн пипер, неем и други, како и сусамово, маслиново, неем масло, ладно цедени масла варени со билки.

На пример, ајурведскиот третман Абјанга се применува на целото тело со користење на топли и природни билкови масла. Таа има долготраен ефект врз целото тело и ја обновува психичката и физичка сила. Се изведува со специфични движења на енергетските меридијани и длабоко го релаксира нервниот систем.

Широдхара се користи за лекување на различни состојби, вклучувајќи заболување на очите, синузитис, алергиски ринитис, невролошки нарушувања, губење на меморијата, несоница, оштетување на слухот,  вртоглавица, Мениерева болест и одредени видови на кожни болести како псоријазата.

Природната терапија со ајурведата е една од најстарите здравствени науки и се практикува повеќе од 5000 години.