Патлиџаните помагаат во превенција на остеопорозата, ги ублажуваат симптомите на анемија, го подобруваат здравјето на кардиоваскуларниот систем. Исто така, го штитат здравјето на системот за варење, го поттикнуваат слабеењето, помагаат за подобра контроила на дијабетесот, го регулираат нивото на стрес.
Исечете ги патлиџаните на стапчиња, посолете ги и исушете ги за да не бидат горчливи, а потоа ставете ги во кесичка и протресете ја.
Состојки:
1 среден патлиџан
Пола лажичка сол
1 шолјичка презли
Пола шолјичка пармезан
1 јајце
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени
Во пластична кесичка ставете ги презлите и пармезанот и протресете.
Во еден сад скршете го јајцето и изматете го. Патлиџанот измијте го па неизлупен исечете го на стапчиња.
Посолете ги и оставете ги околу 20 минути да го испуштат вишокот вода.
Избришете ги стапчињата со картиени салфети па топете ги во изматеното јајце, а потоа во мешавината од презли и пармезан.
Префрлете ги на хартија за печење и печете околу 15 минути. Повремено превртувајте ги стапчињата