Со овие намирници ќе имате рамен стомак, а надуеноста ќе исчезне

Наместо намирници кои ќе ве надујат, нутриционистите препорачуваат консумирање на намирници со кои вашиот стомак ќе биде рамен, а меѓу нив се супата од коски, лукот, семките од тиква, ѓумбирот,...

0
1054

Овие намирници кои ќе го спречат дуењето на стомакот, ќе ви го подобрат и варењето, а стомакот ќе биде рамен. Нутриционистката Касандра Барнс за Дејли Меил открива кои се тие намирници.

Лук. Неговите антигабични и антибактериски својства делуваат благотворно на варењето и на желудникот.
Артичоки. Тие се одличен извор на инулин, топиви влакна, а извонредни се за варењето заради својот пробиотички ефект.
Ѓумбир. Го стимулира производството на желудочна киселина и сокови за варење, како што и ја поттикнува храната на поминување низ цревата. Можете да го додадете во супи, сосови, гулаши, зеленчукови сокови, изрендан во салата или во чај.
Мисо. Ова е ферментирана паста од соја, или ориз, јачмен и морска сол, а понекогаш се додаваат и алги. Содржи висок процент на бактерии Lactobacillus како и ензими кои добро делуваат на варењето. Освен тоа, богата е и со минерали, протеини, есенцијални масла, јагленохидрати и аминокиселини. Може да сџе додава на сите јадења.
Овес. Влакната се неопходни за добра работа на цревата, а овесот е извонреден за тоа. Освен тоа, добар е и за намалување на високиот холестерол, како и за контрола на шеќерот во крвта.
Јаболков оцет. Повеќе луѓе не знаат, но луѓето повеќе страдаат од недостаток отколку од вишок на желудочна киселина, истакнува Барнс. Нејзиниот недостаток предизвикува лошо варење, подждригнување, вртоглавица, па и киселини. Лажица јаболков оцет растворена во малку вода непосредно пред јадење може да помогне во одржување на здраво ниво на желудочна киселина. Но ова не би требало да го користите ако веќе земате лекови за намалување на желудочната киселина, истакнува нутриционистката.
Поточарка. Горчливиот вкус на оваа билка ги стимулира соковите за варење како и испуштање на отрови од црниуот дроб. Нејзината горчина помага и при топењето и варењето на мастите и помага во варењето и апсорпцијата на витамини А и Е кои се клучни за разгреадување на мастите.
Супа од коски. Ваквата супа се вари со часови и притоа коските испуштаат вредни нутриенти, вклучувајќи и желатин и минерали. Токму желатинот е тој кој помага во одржување на здраво ниво на киселините во желудникот.
Семки од тиква. Овие семки се извонреден извор на цинк кој е клучен за добро здравје на цревата. Свежите семки одамна се користеле како лек против паразити. Сега се препорачува кратко да се пропржат за да се извлечат од нив максималните придобивки.