Болоњезе сос на веге начин

За вегетаријанската варијанта на овој сос ви треба леќа, а во овој летен период кога има изобилие зеленчук, можете да додадете и се друго што дополнително ќе ви го збогати оброкот

0
502

Леќата се користи од дамнина во исхраната и сите знаеме за нејзините здрави својства. За болоњезе сос можете да користите кафеава или зелена леќа.

Оброкот е кралски.

Состојки:

1 шолја леќа

1 кромид

2-3 чешниња лук

1 морков

1 корен магдонос

¼  корен целер

Пола модар патлиџан

¼ тиквичка

4-5 ореви

300 грама сос од домати (или свежи домати излупени и исечкани на коцки)

150 мл вода

Ловоров лист

Црн пипер и сол

Маслиново масло

Неколку ливчиња босилек

1 лажичка оригано

Шпагети

Приготвување:

Исплакнете ја леќата и ставете ја во вода со малку сол. Варете околу 20-30 минути, па исцедете ја.

Морковите и целерот изрендајте ги, а тиквичката и модриот патличан исечете ги на мали коцкички.

Исечкајте ги и лукот и кромидот и пропржете ги на маслиново масло, па додадете ги морковот и целерот, а по 2-3 минути и патлиџанот и тиквицата.

Додадете ја и леќата, па сосот од домати или пак свежи домати излупени и исечкани на ситни коцки.

Додадете ја водата, ловоровиот лист и ориганото и варете на тивко 20 минути. Зачинете и додадете го ситно сечканиот магдонос.

Сварете ги шпагетите, прелијте ги со сосот и додадете свежи листови босилек.