Ги – течно злато во кујната

Прочистениот путер е исклучително здрава намирница која поради многубројните лековити својства многу култури ја нарекувале „течно злато“, „кралско масло“ и „боженствен нектар“.

0
182

Оваа намирница ги подобрува работата и здравјето на нервниот и ендокриниот систем; дава интелигенција, меморија, долговечност, сјај на лицето и очите, на телото му дава еластичност, го регулира метаболизмот, помага во создавање и обновување на течноста помеѓу зглобовите, го олеснува и забрзува зацелувањето на рани, лузни, херпес, изгореници. Го балансира целиот организам.

Својства и подготовка

Направен е од кравјо млеко. Тоа е чиста млечна маснотија, богата со заситени (здрави) масни киселини кои помагаат телото да се заштити од слободните радикали и разни болести. Генерално, не содржи млечна киселина и е погоден за оние кои тешко варат млеко и млечни производи, односно, не поднесуваат лактоза.

Многу е едноставен за приготвување. Ставаме несолен путер во сад и го вариме на тивок оган. Пената која се крева на површината од садот е од млечните протеини кои се одвојуваат. При крај на варењето пената полека слегнува на дното и се слуша пуцкање. Тоа е знак дека испарува остатокот на водата од путерот и кога ќе почне да се создава златно-кафен талог на дното, значи дека е готов па го тргаме од огнот. Чекаме да се разлади и го процедуваме низ газа во стакленки. Можеме да го чуваме во фрижидер или на некое друго ладно место.

Консумација

Се користи како додаток во исхраната. Можеме да го консумираме како вкусен намаз на леб, како масло за готвење, динстање, пржење, можеме да го додадеме во речиси сите јадења како деликатесен додаток кој со својата арома го подобрува вкусот на јадењата, за колачи, за напитоци…Но за здравје и рамнотежа во телото е сепак доволна по 1 лажичка дневно.

Ги има и едно исклучително својство да ги пренесува лековитите својства на билките не менувајќи ги. Затоа е погоден за разни лековити растителни приправки.