Состојки:
3-4 модри патлиџани
500 г мелено месо
1 кромид
200 мл сос од домати
маслиново масло
сол, црн пипер
Состојки за бешамел сос:
50 г путер + 1 лажица маслиново масло
2 лажици брашно
500 мл млеко
1 павлака
сол, црн пипер, лук во прав
Приготвување:
Кромидот се сечка и се пропржува на масло, а по 2-3 минути се додава и месото и се зачинува. Се динста додека не ја смени бојата, а потоа се додава и сосот од домати.
Во меѓувреме се мијат и се сечат доматите на тркалца и се редат во намрсена тепсија и се прави бешамелот.
За бешамел сосот се ставаат путерот и 1 лажица маслиново масло во тенџере, па се додаваат две лажици брашно и се пропржува па потоа, постојано матејќи со рачна маталка се додава млекото и се зачинува. Убаво мешпајте за да не се направат грутчиња. На крајот додадете ја павлаката, измешајте и тргнете го тенџерето од оган.
Врз наредените патлиџани распоредете го меленото месо, па наредете уште еден ред модри патлиџани и одозгора истурете го бешамелот. Ставете да се пече во загреана рерна околу 30-40 минути па исклучете.