Бамјата штити од рак, го балансира шеќерот, го намалува холестеролот, ја јакне потенцијата…

Им користи на дијабетичарите затоа што го нормализира и балансира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот, ја ублажува и елиминира опстипацијата, не дозволува пад на имунитетот...

0
900

Бамјата е посебен вид на зеленчук кој не е популарен само поради својот вкус, туку и поради бројните здравствени бенефити. Позната е и како окра и е неспорно една од најдобрите култури кои можете да ги воведете на вашето мени. Совршено се вклопува во бројни јадења, како додаток во салатите или како главна состојка.

Им користи на дијабетичарите затоа што го нормализира и балансира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот, ја ублажува и елиминира опстипацијата, не дозволува пад на имунитетот, а исто така, помага и за проблеми со астмата.manjuje Бамјата не само што може да се смета корисна за елиминација на штетните материи од цревата, таа е и важен фактор кога станува збор за заштита од малигни заболувања. Бидејќи ги отстранува слободните радикали од системот за варење, таа во значителна мерка го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Оние кои веќе заболеле, задолжително треба да си подготвуваат јадења од бамја затоа што ќе ја спречат натамошната мутација на малигните клетки.

Бамјата ја засилува сексуалната желба и кај мажите и кај жените, па може да се каже дека е навистина исклучителна како афродизијак. Ако ги прашате постарите лица, неретко ќе слушнете од нив дека бамјите се традиционален лекј за потенција, а се покажала и одлична за лекување на полови болести по природен пат. Истовремено е и одлична помош за обилно менструално крварење.

Оваа билка ја има во умерените тропски подрачја, многу е здрава, но се чини и некако неправедно запоставена. Ова растение е богато со витамин Ц, витамин К и фолна киселина, а содржи и голема количина на влакна, кои се битни за добра дигестија, стабилизација на шеќерот во крвта и контрола на апсорпција на шеќерот во организмот.

Во својот состав содржи повеќе витамини и минерали, особено витамини од групата Б, а пред сѐ витамин Б6. Затоа е добра и за безбедна и здрава бременост. Имено, витаминот Б е одговорен за производство на нови клетки, што спречува вродени дефекти кај бебиња и им помага да растат и да се развијат. Го подобрува здравјето на бубрезите. Се смета дека со редовно консумирање на бамја се намалува ризикот од болести на бубрезите, особено оние предизвикани од дијабетес. Го подобрува здравјето на дебелото црево и е полна со диетални влакна. Витаминот А придонесува за здравјето на слузокожата на дигестивниот тракт, што му овозможува нормално функционирање.

Содржи и витамин Ц, кој помага со респираторни заболувања како што е астмата. Витаминот Ц влијае на здравјето и на младешкиот изглед на кожата, го забрзува растот и регенерацијата на ткивото па ако си направите маска за лице од бамја, лицето ќе ви омекне, а резултатите ќе бидат видливи веднаш. Клинички е докажано дека бамјата содржи mioxinol, природна алтернатива за ботокс, но за разлика од ботоксот кој се вбризгува со инјекција, активните супстанци на бамјата немаат несакани ефекти. Во себе има одредени состојки кои предизвикуваат мазност и затегнатост на кожата. Таа во себе има природен ботокс кој ги намалува мускулните контракции, ги релаксира, исто така ги неутрализира ефектите на штетните радикали и спречува стареење на кожата.

Бамјата е преполна и со антиоксиданти и благодарение на овие материи, како прилог во оброкот, може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.
Благодарение на огромното ниво на пектини, бамјата помага во намалување на холестеролот во крвта.

Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот.
Покрај здравствените придобивки, бамјата е одлична за подготовка на разни сосови и супи бидејќи содржи желатински сок кој добро се меша со готвените јадења.

Може да се користи свежа, сушена, замрзната, маринирана, како чај, тинктура и сл. Се додава во различни видови супи, чорби, месо, салати.

Постојат бројни начини на подготовка и рецепти кои се разликуваат од земја до земја.