Состојки:
100 г црно чоколадо (без шеќер, со поголем процент на какао)
400 г наут, несолен
150 г сусам
2 дцл масло од сусам
3 дцл маслиново масло
2 дцл вода
2 лажици шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
Приготвување:
Направете намаз од сусам. На врела тава пропржете го сусамот без масло, но постојано мешајте да не ви загори.
Кога сусамот ќе добие златко-кафена боја, ставете го во блендер и додадете масло од сусам и сол. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Ако немате масло од сусам, можете да користите маслиново масло.
Оставете го намазот да се лади, а за тоа време растопете чоколадо на оган, без додавање шеќер или други состојки.
Извадете го наутот од конзерва и измијте го. Ставете го во блендер наутот, намазот од сусам, маслиново масло, сол, вода, екстракт од ванила и шеќер во прав, па сѐ добро измешајте.
На крајот додадете го растопеното чоколадо и мешајте уште кратко и не се грижете ако ви останат мали парченца. Хумусот можете да го послужите со свежо овошје, како банани, јаболка или јагоди, со солени крекери и переци или користете го како крем за десерт по желба.