Како да направите вистински ефикасен чај од лаванда?

И покрај сите здравствени придобивки, чај од лаванда не им се препорачува на трудници, на луѓе со низок холестерол, на оние кои земаат лекови за разредување на крвта, како и на лица чувствителни на сонце.

0
271

Чајот од лаванда делува како седатив, а им се препорачува на оние кои страдаат од главоболка, анксиозност и несоница. На мигренозните главоболки мирисот на лаванда делува како седатив и и има смирувачки ефект. Чајот од лаванда може да помогне во лекувањето на овие болки затоа што помага да се опуштат крвните жили, малите мускули во вратот и околу очите. Билката од лаванда може да ги редуцира и стресот и анксиозноста, како и да го подобри расположението. Аромата од лаванда исто така ја поттикнува релаксацијата.

Шолја чај од лаванда пред спиење може да ви помогне доколку страдате од несоница затоа што го смирува нервниот систем и го намалува нивото на стрес.

Исто како и ѓумбирот, лавандата може да помогне ако имате мачнини. Чајот од лаванда ќе ја ублажи мачнината, особено е таа поврзана и со главоболка.

Чајот од лаванда ќе ви помогне и за проблемите со варењето бидејќи има својства кои ги отстрануваат гасовите и го смируваат стомакот.

Чајот може да помогне и за јакнење на имунитетот, за олеснување на дишењето, за лекување на воспалението на мускулите, за намалување на болките во зглобовите, вратот и во грбот.

Но ако сакате да ги почувствувате сите добри ефекти од чајот од лаванда, наместо филтер вреќички, се препорачува да си направите чај од суви или свежи цветчиња од лаванда.

Потребни ви се 4 лажички од нив и 500 мл вода. Прелијте ги цветчињата со врела вода и оставете ги да стојат покриени околу 5 минути. Потоа исцедете и чајот е подготвен за консумирање.

Сепак, бидете внимателни бидејќи, доколку се консумира во преголеми количини, чајот од лаванда може да предизвика иритации на кожата, мачнина и повраќање. Чај од лаванда не им се препорачува на трудници, на луѓе со низок холестерол, на оние кои земаат лекови за разредување на крвта, како и на лица чувствителни на сонце. Чајот може да ви предизвика проблеми ако покрај чајот редовно земате и одредени лекови кои влијаат на нервниот систем, вклучително и антидепресанти и  седативи.