Темната страна на белото чоколадо

Белото чоколадо кое многумина го сакаат, е вусшност мешавина од масти и хемиски ароми. Нутриционистите предупредуваат дека овој производ неоправдано го носи името „чоколадо“ затоа што не ја содржи главната состојка на чоколадите – какао.

0
296

Како што тврдат специјалистите за исхрана, производителите на бело чоколадо наместо какао путер користат други растителни масти, па белото чоколадо не може да послужи ниту како најлоша замена за чоколадо.

Белото чоколадо е сладок отров кој не обезбедува неопходни витамини и минерали и нема апсолутно никаква хранлива вредност, туку исклучиво калориска.

Стричњаците предупредуваат дека белото чоколадо се вари многу потешко од црното, затоа што во најдобар случај, содржи до 20 отсто какао путер, а околу 14 отсто од составот е сува млечна маса. Остатокот е пред сѐ, шеќер, па во 100 г бело чоколадо има и до 57, 1 г јаглени хидрати.