Знаеме дека е здраво да се јаде риба. Да, и знаеме дека е вкусно. Но риба во Скопје и риба на море, има голема разлика.
На пример, ослиќ купуваме главно замрзнат, колку да се најде на менито одвреме навреме, кога баш не знаеме што да направиме за ручек.
Изгледа прилично неугледно онака замрзнат, без глава, во кеса.
Еве како всушност изгледа кога ќе го извадат од море. Раскошно и сосема поинаку, нели?