Понекогаш сме желни за нешто благо, домашно, а притоа да не губиме премногу време. Токму таков е овој колач од гриз.
Состојки:
2 јајца
100 г кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
1 чашка јогурт
2 лажици масло
125 г мелени ореви
150 г гриз
кора од портокал
прстофат сол
пола лажичка цимет
4 помали рендани јаболка
1 прашак за пециво
2 лажици брашно
Притогвување:
Одвојте ги белките од жолчките. Од белките направете цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот додека не осветлат, додадете ја ванилата, кората од портокал, маслото и јогуртот. Потоа додадете ги оревите, гризот, брашното и прашокот за пециво. Додадете ги јаболките и на крајот полека помешајте го и снегот од белки. Истурете ка смесата во тепсија со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.