Пет причини зошто е добро да се јаде младо кромитче?

Сега е вистинско време за младо кромитче, здраво е, вкусно, а истовремено и богато со витамини и минерали, го штити срцето, го снижува холестеролот и ги јакне коските

0
955

Младо кромитче има насекаде и е навистина штета да не го консумираме со оглед на тоа што е богато со витамини и минерали, и одлично за заштита на здравјето.

Има антибактериски својства па штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.

Зелениот дел од младото кромитче не би требало да се фрла затоа што во него се наоѓаат состојки одлични за нашето здравје.

Зошто е добро да се јаде секој ден?

Го штити срцето – полн е со антиоксиданси кои ги штити клетките во телото од оштетувања предизвикани од делувањето на слободните радикали. Освен тоа, младото кромитче го чува крвниот притисок во граници на нормала и го намалува ризикот од создавање на згрутчувања.

Добро е за видот – штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А кој е важен за производство на протеини во очите, заслужен за добар вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и од други пореметувања. Еден кромид содржи околу 3 отсто дневни потреби за витамин А.

Ги јакне коските – витамините Ц и К со кои изобилува кромитчето се добри за заштита на коските. Само едно кромитче содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу 2 отсто витамин Ц. И едниот и другиот се важни за густината и цврстината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници.

Го снижува холестеролот – особено неговиот зелен дел кој некои луѓе го фрлаат, а би било подобро да го изедат. Освен што го снижува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер.

За поубава кожа – му помага на организмот во производството на колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на појавата на брчки на лицето.