Колач со урда поросен со трошки

Уште еден од оние кои лесно се прават, ама и лесно се јадат

0
136

Состојки:

500 г несолена урда

6 лажици гриз

4 јајца

1/2 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

6 лажици кафеав шеќер

100 мл масло (може и кокосово масло или стопен путер)

250 г пекмез од кајсии

За трошките:

100 г кафеав шеќер

180 г брашно

100 г путер

Приготвување:

Се мешаат јајцата и шеќерот, па се додаваат другите состојки, освен пекмезот. Се истура смесата во подмачкана тепсија и одозгора се распоредува пекмезот.

Состојките за трошките се мешаат се додека не добиете трошки кои се распоредуваат врз пекмезот.

Се пече на 180 степени околу 40-45 минути.