Веројатно честопати сте се фатиле себеси како посегате по производите на кои стои натписот „природно“ и „домашно“, сметајќи дека станува збор настанат во еколошко производство.
Но, најчесто станува збор за производ добиен на конвенционален начин, со користење на сите оние хемиски средства и методи кои не се дозволени во органското производство.
Еко сертификатите, единствена гаранција на квалитет
Стриктна контрола на квалитетот и валидна еко потврда истакната на производот се единствена гаранција за вистински природен и хемиски нетретиран производ. Во еколошкиот производен процес е строго забрането користењето на ГМ технологија, хемикалии, хербициди, пестициди, како и минерални ѓубрива. Сите суровини поминуваат строги контроли на квалитет и тоа не само на органското производство, туку и на технологијата на производство, сѐ до пакувањето и транспортот.
Рафинирањето и процесирањето на храната ги уништува хранливите состојки
Важно е да се одбираат целовити намирници во изворниот и природен облик затоа што единствено таквите имаат максимално зачувани нутритивни својства. Како природна последица, целовитата и хемиски нетретирана храна е со автентичен и полн вкус и мирис.
Што е целовита житарка?
Зрното на интегралната (целовита) житарка (или во некои случаи мешунките) не е во целост здробено, туку е иситнето на помали или поголеми парчиња. Тоа значи и дека е делумно зачувана обвивката која содржи влакна со одредени витамини и минерали.
Еколошката храна е поздрава од конвенционалната
Неколку релевантни студии со компаративна анализа докажале дека еко овошјето и зеленчукот во споредба со конвенционалните содржи:
28 проценти повеќе витамин Ц
18 проценти повеќе релативна содржина на белковини
19 проценти повеќе јаглени хидрати
18 проценти повеќе калиум
10 проценти повеќе калциум
13 проценти повеќе фосфор
77 проценти повеќе железо
Истражувачите на американската Работна група за заштита на околината, го анализирале составот на конвенционално одгледаното овошје и зеленчук, и дошле до резултати кои докажуваат дека изборот на еколошки намирници е и тоа како препорачлив.
Докажано е дека конвенционално одгледаните намирници содржат поголеми количини пестициди, па како најзагадени ги издвоиле: јаболките, целерот, пиперките, праските, нектарините, спанаќот, салатата, краставиците…
Дали е доволно да се измие и да се излупи лушпата? За жал, не е, затоа што отровните состојки продираат длабоко во ткивото на плодот.