Деликатес готов додека да ја наместите масата

Ако сте многу гладни, но сепак ви се јаде нешто вкусно, еве еден рецепт кој обично се приготвува во камперски услови, но можете да си го направите и дома, во фолија. Потребни ви се само шампињони и малку сино сирење

0
586

Исчистете ги шампињоните и извадете ги дршките.

Исечкајте ги и додадете малку (во зависност од бројот на печурките, 50-100 грама) згмечено сино сирење.

Зачини не ви требаат затоа што ова сирење има силен вкус.

Наполнете ги печурките и ставете ги во фолија.

Фолијата со печурките можете да ја ставите директно на рингла или на скара.