За да добиете јајца на око со подобра и побогата арома, наместо сончогледово, се препорачува да користите маслиново масло. Освен што жолчката ќе ви има совршена текстура, ќе ги добиете и сите потребни антиоксиданси.
Претходните студии покажале дека растителните масла се исклучително штетни за здравјето ако храната се пржи затоа што во текот на тој процес се ослободуваат отровни хемикалии алдехиди.
Иако и маслиновото масло се смета за растително, истражувањето покажало дека со негово загревање се создаваат шпомалку алдехиди отколку кај останатите ратсителни масла.
На маслиново масло ќе испржите совршено јајце и затоа што тоа ослободува помалку чад и побрзо се загрева. Јајцето ќе стане крцкаво, а жолчката нема да се препржи.
Некои луѓе сепак избегнуваат да пржат на маслиново масло заради неговиот интензивен вкус кој брзо се впива и во јајцата. Меѓутоа, стручњаците велат дека тоа всушност го збогатува вкусот на јајцата и им дава убава арома, а вашиот појадок ќе биде и многу поздрав.