Пица за појадок, поздраво од порција снегулки?!

Дали некогаш на вашата маса се нашла пица за појадок?

0
438

Парче пица за појадок е поздраво од порција млеко и фабрички житарки, така тврди Челси Амер, нутриционистка од Њујорк. Еве и зошто.

Колку и да делува нездраво, пицата има повеќе протеини од типична порција житарки, такашто може подолго да го задоволи апетитот и да го спречи грицкањето помеѓу оброците.

„Парче пица содржи повеќе маснотии, но значително помалку шеќер од повеќето готови фабрички житарки, такашто со пицата сигурно нема толку лошо да влијаете на нивото на шеќер во крвта.

Само една шолја такви житарки имаат околу 18 грама шеќер, што е многу близу до дневните препораки за жени, кои изнесуваат 25 грама дневно. И освен тоа нема да добиете ниту грам добри масти“, вели Челси Амер.

Повеќето снегулки во себе не содржат ниту малку протеини ниту здрави масти. Тие не се ништо друго освен „лажица шеќер“.

Секако, немојте да јадете пица баш секое утро. Но можеби ќе се изненадите дека просечно парче пица и порција снегулки имаат речиси еднаков број калории.

Сепак пицата има многу поголем процент протеини, што ќе ве разбуди и засити.

Секако пицата не е баш некоја здрава намирница и постојат многу подобри избори за појадок, но ако веќе мора да бирате помеѓу снегулки и пица, подобро изберете пица.

Најздрав избор за појадок е на пример јогурт и овошје, авокадо на интрегрален тост, поширани јајца, банани, чиа семе, смути со јатласти плодови…

Ако пак идејата за пица за појадок никако не ви излегува од глава, постојат разни начини да ја направите поздрава и подобра.