Совети за успешно готвење со вино

0
705

Виното се пие веќе со векови, но исто толку долго и се готви со него.
Низ вековите се испробувале разни рецепти со вино, а со време се издвоило и едно важно правило. Правилотo гласи: Никогаш не гответе со вино кое не би го пиеле.

Гответе со квалитетно вино

Сакате да пиете вино од тетрапак? Веројатно не ви е меѓу оние омилените. Па зошто тогаш би готвеле со него?
Имено, лошите вина се премногу солени и полни со различни адитиви. Ако е виното клучен дел од некој сос, тоа значи дека сета лоша арома од лошото вино ќе биде дел од вашето јадење.
Во текот на варењето голем процент од алкохолот испарува, но во јадењето останува аромата. Затоа е важно каква арома останува.

Најдобри вина за готвење се:
Сувите црвени и бели вина и слатките вина.
На пример, не можете да згрешите ако за готвење посегнете по шише кабернет шевињон или мерлот.

Размислувајте што ќе се случува со виното

Готвењето е уметност, но вистинскиот готвач е и по малку научник кој ги следи хемиските процеси што се случуваат во текот на готвењето.

Затоа кога готвите со вино додавајте го постепено. Проблем може да настане кога ќе додадете премногу вино затоа што потоа не можете да го извадите. Затоа, ставете помалку, па ако има потреба ќе додадете.

Исто така, целта е во текот на готвењето да испари што повеќе од алкохолот од виното, за да остане винската рома. Затоа виното никогаш не треба да се додава на крајот затоа што во тој случај ќе остане остриот вкус на алкохолот. Виното треба да се додаде најдоцна 10 минути пред да се тргне јадењето од оган.

Бело или црно?

Црното вино на јадењето му дава боја и карактеристичен сув вкус па често се користи за сосови со црвено месо или за гулаш. Белото вино пак му дава на јадењето карактеристична кисела нота па се користи за јадења кои вклучуваат бело месо и школки.

Сос за почетници

Оние кои допрва почнуваат со својата кулинарска авантура на готвење со вино, можат да почнат со нешто едноставно како што е подготвувањето сос, на пример, сос од домати за тестенини. Во веќе испробаниот рецепт само додадете голема лажица црно вино и откако ќе го измешате проверете дали ви одговара неговата арома.

И уште нешто…

Кога еднаш ќе се навлечете на готвење со вино, не почнувајте да ги налевате остатоците од шишињата во јадење без да водите сметка за следните правила:

Во крем супа, во лесни светли сосови или во јадења со сирење можете да додадете малку розе или бело вино.
Виното користете го за маринирање затоа што алкохолот и киселините го омекнуваат месото. Исто така, виното ја намалува потребата од масло во маринадата и може да го замени.
Белото вино се готви многу пократко од црното.
Десертните вина се користат ретко за готвење и тоа исклучиво за сосови кои се наменети за јадења од јунешко, говедско и од пердувести животни, особено за подготвување на патка.

Може ли за готвење да се користи старо вино?

Знаеме дека е понекогаш тешко доброто вино да се искористи за готвење, но верувајте – само квалитетното вино може да биде квалитетен зачин на јадењето.

Идеално е да се користат оние остатоци вино во шишето кои не се доволни за да си наполните чаша. Но тоа не значи дека можете да готвите со старо вино.

По отварањето виното има рок на траење. Белото вино по отварањето мора да го затворите добро и да го ставите во фрижидер па да го испиете или да го зготвите со рок од три до пет дена. И црното вино по отварањето треа добро се затвори и да се потроши во рок од три до пет дена, но не треба да се чува во фрижидер туку на суво и темно место.