Ова смути е совршено за чистење на организмот од токсините, но и за топење на килограмите, а е одлично за кревање на имунитетот.
Ова смути е богато со хранливи состојки, важни витамини и минерали, а не содржи додаден рафиниран шеќер.
Освен тоа, збогатен е со ѓумбир и мача прав (Ситно мелен прав добиен од листовите на зелениот чај) кој е заслужен за подигање на енергијата и за јакнење на имунитетот.
За посебна кремавост на ова смути заслужен е пробиотик јогуртот како база. Заблажен е со урми и полн со антиоксиданти.
Состојки:
1 црвен грејпфрут
1 голем морков
Парче свеж ѓумбир
3-4 урми
1 шолја пробиотик јогурт
1 лажица мача прав
Чиа семе за поросување
Приготвување:
Исчистете го грејпфрутот од семките, а морковот излупете го па ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. По потреба дополнително заблажете со мед и додавајте јогурт додека не добиете смути со саканата густина.