Како да направите совршен домашен пудинг

Листата од состојки потребни за пудинг е рилично кратка. Сѐ што ви треба е млечна компонента (млеко или слатка павлака, некој вид шеќер, нешто што ќе го згусне вашиот пудинг (јајца, густин, желатин …) и состојки со кои ќе го зачините вашиот пудинг (чоколадо, овошје, ванила …).

0
968

Состојки:

500 мл млеко
6 лажици шеќер во прав
3 жолчки
3 лажици скробно брашно
Прстофат сол
30 г путер
1 лажица екстракт од ванила

Приготвување:

Загрејте 450 мл млеко и 3 лажици шеќер до вриење па тргнете ги од оган. Преостанатиот шеќер во прав измешајте го со жолчките па додадете го преостанатото млеко и скробното брашно.

Добро измешајте за да нема грутчиња. Малку посолете.

Добиената смеса додадете ја во загреано млеко и варете на средна температура постојано мешајќи додека пудингот не се згусне.

Додадете ги ванилата и путерот па добро измешајте.

Ставете го пудингот во чаши за послужување.