Помфрит од тиква

0
743

Состојки:

Тиква
Маслиново масло
Лук во прав
Црвен пипер
Сол, црн пипер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200°C.
Излупете ја тиквата и исечете ја на стапчиња.

Исечените стапчиња ставете ги во сад, прелијте ги со малку маслиново масло, посолете и поросете со лук во прав, црн и црвен пипер, па сѐ добро измешајте и ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење.

Нека се печат околу 20 минути до пола час (после 10-15 минути печење, само измешајте ги за да се превртат од другата страна).