Како да знаете дека ви треба детоксикација?

Повремена детоксикација се препорачува 2 до 3 пати годишно, а најпотребна е на почетокот од годината, односно, после новогодишните и божикните празници!

0
772

Во текот на празниците внесуваме многу нездрави намирници, мрсна и премногу зачинета храна, алкохол и многу многу шеќер.

Дел од токсините телото исфрла преку потта, урината и столицата, а остатокот се акумулира во телото. Насобраните токсини можат да бидат причина за многу болести, па затоа е важно повремено да се  прочистуваме.

Дека ви е потребна детоксикација ќе препознаете по овие симптоми:

Чувствувате константен замор и имате проблем со концентрацијата

Расположението ви варира и депресивни сте

Имате лош здив и поинтензивен телесен мирис

Настинати сте повеќе од 2 пати годишно

Имате кршливи нокти

Немате редовна столица и лесно добивате на тежина

Ако кај себе препознавате некои од овие симптоми, време е за двонеделно чистење на организмот, а детоксикацијата можете да ја направите на следните начини:

Пијте многу вода

Водата помага во испирањето на токсините кои преку урината излегуваат од телото. Треба да пиете 1,5 литар вода дневно но најдобро е да го слушате своето тело. Пијте кога сте жедни, а за време на детоксикацијата пијте малку повеќе.

Вежбајте

Физичката активност го поттикнува исфрлањето на токсини. Ако веќе тренирате, обидете се да го смените видот на тренинг. На пример, ако одите во теретана, запишете се на кикбокс, зумба или на јога. Со промената на видот на тренинг, ќе ја активирате другата група на мускули и на тој начин ќе ја подобрите детоксикацијата.

Внимавајте на исхраната

Јадете свежо овошје и зеленчук затоа што содржат многу влакна кои ги чистат цревата и ги исфрлаат токсините од телото. Може да јадете риба и бело месо, а слатките потполно исфрлете ги. Придржувајте се строго до советите за медитерански тип на исхрана во текот на целиот процес на детоксикација.

Пијте чаеви

Чаевите делуваат како диуретик што позитивно делува на исфрлање на токсините од телото. Одберете растителни чаеви и не користете засладувачи.