Со грицки од свинско месо заработува 3,5 милиони фунти годишно

Пријателот го предизвикал Британецот Ник Колман да почне бизнис со само 500 фунти. Формирал компанија која произведува чварки со 9 вкусови и станал милионер

0
527

Триесет и петгодишниот Британец Ник Колман од Есекс во 2014. година поттикнат од пријател кој го предизвикал да почне бизнис со многу лимитиран капитал, формирал компанија за производство на грицки од свинско месо.

„Наместо да се грижам како да заработам пари, јас се фокусирав на она за што имав најмногу страст и во што најмногу уживав да го правам“

Излегло дека одговор на овие прашања се британскиот паб и свинското месо. Овие две работи Ник ги опишал како љубов на неговиот живот.

Компанијата која ја формирал ја нарекол Snaffling Pig, а грицките од свинско кои се произведуваат се прават од квалитетни парчиња месо.

„Месото е двојно зготвено, што го прави помеко, такашто нема да ви ги скршат забите, но сепак ќе ја задржат крцкавоста“, објаснува Ник.

 Snaffling Pig, founded in 2014, produces premium pork scratchings

Најпрвин овие крцкави залчиња од свинско месо се продавале во пакувања како чипсот, но во меѓувреме одлучиле да направат промени, па сега се достапни во тегли.

Ник и неговиот деловен партнер, Ендрју Ален, во август минатата година се појавиле на британското реално шоу – Dragons’ Den, во кое учесниците се борат да ги придобијат инвеститорите за своите бизнис идеи а со тоа да си обезбедат средства за нивна реализација.

Тие добиле 70 илјади фунти од основачот на „Munpig“, Ник Џенкинс, а за возврат му дале 20 проценти од фирмата. Како што таа растела го откупиле од Џенкинс неговиот дел.

Денеска, од производството на чварки Ник заработува околу 3,5 милиони фунти (речиси четири милиони евра) годишно.