За време на празниците традиционално се прават ванилици, но за промена можете да испробате нешто слично, но сепак поинакво.
Состојки:
220 г брашно
30 г какао
100 г шеќер во прав
120 г путер
2 жолчки
2 лажици млеко
½ лажичка цимет
Рендана кора од 1 портокал
5 капки арома од портокал
100 г бело чоколадо (за украсување)
Приготвување:
- Од наведените состојки замесете тесто, завиткајте го со проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на 1 час.
- Разладеното тесто поделете го на 4 еднакви делови па секој дел обликувајте во форма на валјак.
- Валјакот исечете го на парчиња долги 6-7 цм. Секое парче од тестото само кратко обликувајте го помеѓу дланките, истенчете ги врвовите и обликувајте кифлички.
- Наредете ги на голема тепсија за печење прекриена со хартија за печење и печете ги 5-7 минути на температура од 180°C.
- Кифличките оладете ги, а потоа украсете ги по желба. Дел од кифличките натопете, а дел прошарајте со стопено бело чоколадо.
- Пред да се стврдне чоколадото, поросете ги кифличките со сечкани лешници.