Скушите можете да ги замените и со некоја друга риба, но со оглед на тоа што оваа риба е богата со здрави маснотии препорачливо е да се јаде барем еднаш неделно. Од главите можете да направите рибја чорба.
Состојки:
Скуши (во зависност од тоа колку луѓе има)
2 домати исечени на тркалца
2 парчиња млад кромид или 1 главица црвен кромид
2 чешниња лук
Малку вино или сок од лимон
Сол, црн пипер, маслиново масло и свеж магдонос
Приготвување:
Направете филети од рибата. Прелијте го дното од садот за печење со маслиново масло и наредете го на дното младиот кромид, одозгора доматите кои ќе ги поросите со ситно исечкано лукче и на крајот ќе ги наредите филетите скуша. Зачинете. Малку маслиново масло измешајте во чаша со вино или со сок од лимон и малку вода и прелијте ја рибата. Ставете во рерна на 180 степени и печете околу половина час. Послужете ја рибата поросена со свеж магдонос.