Ако сакате да експериментирате и да пробате како изгледаат заедно цвеклото и чоколадото, направете колач чии главни состојки се токму овие две намирници и ќе се изненадите колку вкусно може да биде ова.
Состојки:
180 мл зејтин
190 г брашно
60 г какао
1 лажица сода бикарбона
200 г шеќер
250 г сварени и исчистено цвекло
3 јајца
1 лажица екстракт од ванила
За глазурата:
250 г шеќер
Малку вода
Црвена боја
25 г темно чоколадо
25 г бело чоколадо
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180°c.
Во голем сад измешајте ги брашното, содата, какаото и шеќерот.
Измешајте го цвеклото во блендер и додадете ги сувите состојки, јајцата, ванилата и зејтинот.
Добро измешајте и ставете ја смесата во намрсена тепсија за печење. Печете околу 45 минути.
За глазурата измешајте 250 г шеќер со малку вода и црвена или розева прехранбена боја. Прелијте го колачот со глазурата.
Растопете го одделно и чоколадото и прелијте го колачот.