Зошто треба да консумирате повеќе грав?

0
2785

Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини.

Освен тоа, содржи и лецитин, како и минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Претставува одличен извор на протеини, со многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол.
Испитувањата докажуваат дека луѓето кои јадат грав имаат 22% помал ризик од прекумерна тежина и е поголема веројатноста да имаат помал обем на струк отколку луѓето кои не јадат грав.

Гравот е богат со растворливи влакна кои го забавуваат варењето и ве прави подолго време да се чувствувате сити. Една чаша (250г) варен црвен грав на пример обезбедува 60% од потребната дневна вредност на диетални влакна.

Според научните испитувања за јавно здравство во Хардвард кои се извршени на околу 90 000 жени на возраст од 26 до 46 години, оние кои јаделе барем двапати неделно грав и леќа имаат за 25 проценти помал ризик да заболат од канцер на дојка во споредба со оние жени кои го јадат еднаш месечно.

Една неодамнешна австралиска студија покажала дека исхраната богата со протеини и растворливи влакна може да помогне да се спречи високиот крвен притисок и да ја подобри контролата на истиот. Истражувачите ги сугерираат мешунките како начин да се зголемат хранливите материи во вашата дневна исхрана.
Гравот е особено значење во исхраната на лицата со дијабетес бидејки котира ниско на гликемиската ранг листата, што значи не предизвикува скок на шеќерот во крвта, како рафинираните зрна и белите пецива од нив, а бидејќи е богат и со диетални влакна го одржува организмот подолго време сит, без непотребно гладување.
Гравот и генерално, мешунките, се богат извор на протеини, 26 проценти од нивната вкупна калориска вредност се препишани на протеини, поради што ги прават добар избор за протеинска храна за вегетаријанците и веганите. Доколку мешунки се искомбинираат со некоја житарка како овес или јачмен нудат комплетен протеински оброк.
Гравот содржи и витамини и тоа фолна киселина, тиамин, пиридоксин (Б6), витамин К, рибофлавин (Б2), пантотенски киселини и ниацин (Б3).

Можеме да кажеме дека гравот е суперхрана бидејќи содржи диетални влакна, протеини и антиоксиданти. Токму поради споменатите вредности, исклучително поволно делува на нашето здравје. Го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта и производството на инсулин бидејќи има низок глихемиски индекс и сложени јаглехидрати кои се варат полека, добар е за здравјето на системот за варење и штити од рак, особено од рак на дебелото црево.

Со оглед на тоа дека сите видови на грав содржат многу малку маснотии и калории, се препорачува да се конзумира почесто, а ова особено важи за луѓето кои страдаат од дијабетес и за оние кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина.

Гравот докажано го намалува и ризикот од срцеви болести поради веќе споменатата ниска содржина на масти, и пред се на заситени и транс-масти. Но, ни тоа не е се. Гравот изобилува и со фолна киселина која е исклучително важна за бремените жени, а поволно делува и на менталното здравје поради витаминот тиамин кој учествува во производството на енергија и во синтезата на ацетилколин, невротрансмитер за памтење.

Ако сакате да го скратите процесот на подготвување на сувиот грав и директно го ставите во вода да се вари, високата температура на водата ќе делува само на површинскиот слој од зрната кои ќе бидат рехидрирани (освежени), додека внатрешноста ќе остане сува и брашнеста, па со самото тоа и невкусна. Затоа, задолжително оставете го гравот во вода добро да се накисне пред да го варите. Освен што ќе биде многу повкусен, процесот на киснење исто така ќе влијае и на разложување на сложените хемиски соединенија кои ги претставуваат оглиосахаридите, односно шеќерите кои организмот не може да ги свари, па така ќе ја избегнете и надуеноста после конзумирањето на гравот. Најдобро е да се остави гравот да се кисне 24 часа, потопен во солена вода на ниска температура, а после киснењето, потребно е гравот добро да се измие пред да се подготвува.

Гравот има неутрален вкус кој може да се комбинира со голем број намирници и зачини, а бидејќи е достапен во текот на целата година, неговата примена во кујната е навистина широка. Гравот може да се свари, може да се запече или да се користи во салати, и ова се само неколку од многуте комбинации.