Наместо Hershey Kisses кои веројатно ги немате, можете да ставите во секое колаче по една коцка црно чоколадо или некое друго, по ваш избор.
Состојки:
2 коцки путер
1/2 шолја шеќер (а може и помалку)
1 лажичка екстракт од ванила
1 и 3/4 шолја брашно
1/4 лажичка сол
1 шолја ореви
црно чоколадо
шеќер во прав
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки, освен црното чоколадо и шеќерот во прав и оставете ја смесата да се одмори. Загрејте ја рерната и земајте по малку од тестото со фаќалка за сладолед, сплескајте го и ставете во секое по коцка чоколадо и редете ги врз хартија за печење. Печете околу 15 минути, а потоа извалкајте ги во шеќер во прав.