Нов хит: Сарми во сендвич

0
634

Убава топла сарма, има ли нешто поубаво за јадење во зима? Секако дека нема. Токму тоа ќе се служи спакувано во сендвич од бело меко или црно пециво за време на адвентските денови (период на подготовка за Божик), во Загреб, и тоа на Штросмаеровиот плоштад.

Ова е новата локација на адвентското царство на Фулирањето кое ќе се одвива под мотото Life is a circus.

Убавата топлла сарма е и одличен лек против мамурлак, а во T&T куќичката е доведена на целосно ново ниво.

„Хрватите се склони кон традиционалната храна па се одлучивме за домашна храна која сепак ја зачинивме со малку иновација“, откриваат сопствениците на T&T за хрватските портали.

Нешто помали од класичните, сармите ќе бидат ставани во сендвичи со пециво за да можат присутните непречено да уживаат во тој специјалитет на домашната кујна со чаша во рака и да уживаат во програмата наречена Фулирање. Една од тајните состојки е „еликсирот“, редуциран сок од варењето кој се додава со павлака и зелка. Оние кои сакаат да си ја однесат дома, ќе ја добијат спакувана како Сарма to go.