8 грешки што ги правиме при варењето тестенини

0
947

Изгледа дека не е доволно само да ги ставите тестенините во тенџере со врела вода и да се надевате на најдоброто.

Еве кои се најчестите грешки што ги прават луѓето кога подготвуваат тестенини.

  1. Користење ефтини и неквалитетни тестенини

Повеќето луѓе мислат дека тестенините не се толку важен дел и дека вкусниот сос може да ги скрие сите нејзини недостатоци. Од таа причина се одлучуваат да купат поефтини и понеквалитетни брендови. Сите професионани готвачи на оталијанска храна ќе ви кажат дека ако некаде не треба да штедите, тоа е при купувањето на тестенини.

  1. Ставање на тестенините во незовриена вода

Водата ора добро да зоврие пред да ги ставите тестенините внатре!

  1. Недоволно солена вода

За вкусот на пастата е клучно да биде доволно солена. За да се постигне тоа важно е да ја посолите водата во која ќе се варат тестенините. Еспертите препорачуваат да се стават 10 грама сол на 1 литар вода.

  1. Варење тестенини во малку вода

На тестенините и е потребен простор да пливаат. Или ставете повеќе вода или одберете поголемо тенџере.

  1. Испирање на тестенините после варењето

За жал, ова е грешката која аатерите во кујна често ја прават. Некои заблуди очигедно тешко умираат.

  1. Истурање на водата во која се вареле

Готвачите советуваат да не ја истурате целата вода во која се вареле тестенините. Откако ќе ги соедините со сосот, оваа вода мое да ви послужи да го разредите сосот доколку е премногу густ.

  1. Преварување на тестенините

Најлошата работа што можете да ја направите е да ги преварите. Ако на пакувањето пишува дека треба да се варат 8 минути, тогаш варете ги точно толку.

  1. Прескокнување на заедничкото варење на тестенините со сосот на крајот од подготовката

Откако ќе ги исцедите тестенините, би требало да ги ставите во садот со сос, да ги измешате и да ги оставите уште пола минута на тивок оган да се варат заедно. Со ова ќе се соединат на најдобар можен начин, а тоа ќе влијае врз вкусот на оброкот.