Состојки:
250 г брашно
50 г бел, 50 г кафеав шеќер
½ лажичка сол
2 лажички цимет
2 јајца
50 г пире од тиква
100 г растопен путер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
Приготвување:
Помешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и зачините во еден сад, а во друг имешајте ги јајцата, пирето од тиква, путерот и ванилиниот шеќер. Помешајте ги двете смеси додека не се соединат. Ставете ја смесата во калапи за мафини и печете на 190 степени околу 20 минути.