Иако можеби изгледа дека рецептите што ги прават големите шефови се премногу комплицирани за нас, обичните гастрољубци, не е секогаш така. Уште ако шефот е и доволно широкоград и расположен да ги сподели рецептите и тајните состојки, нема зошто да не ги испробате.
Состојки:
Тиква
црвен грав
црвен кромид
сол, црн пипер
масло
балсамико
мајонез
малку лук
киселина од корнишони
рукола
Приготвување:
Излупете ја тиквата и исечете ја на коцки. Ставете масло, сол и црн пипер, ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење и испечете ги. Оставете да се олади.
Во меѓувреме, исечете го кромидот на резанки, ставете оцет балсамико и додадете го гравот од конзерва.
Во друг сад помешајте мајонез со малку рендан лук и киселина од теглата со корнишони.
Наредете ги сите состојки по редослед и доколку ја консумирате салатата веднаш, ставете свежа рукола.