Нека не ве мрзи да ги направите и да им ги понудите на најблиските со шолја миризливо кафе. Можеби не спаѓаат баш во здрава храна, ама барем се домашни и можете да си дозволите 2-3 со кафе ако баш имате мерак за благо.
Состојки:
2 белки
1 пудинг од ванила
1 ванилин шеќер
1,5 лажичка прашак за пециво
500 г брашно
200 г путер или свинска маст (овие се со свинска маст)
100 г шеќер
рендана кора од лимон
Приготвување:
Се матат белките со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додаваат маста, прашокот за пециво и прашокот за пудинг од ванила и рендана кора од 1 лимон.
Кога ќе се измати смесата се додава брашното и се замесува тесто. Обликувајте го во топка, завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го на 1 час во фрижидер.
Правете од тестото мали топченца и ставајте ги во тепсија обложена со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути во зависност од рерната. Можете да ги чувате во кутија и подолго време.