Пита со месо, ф`стаци и брусници

0
393

Состојки:
За филот:
300 г брусници
3 лажици шеќер
Сок од пола портокал
Маслиново масло
1 кромид
4 парчиња сланина
2 чешниња лук
Мајчина душица, жалфија
500 г мелено месо
70 г ф`стаци
Мускатно оревче

За тестото:
450 г брашно
100 г свинска маст
4 лажици млеко
1 јајце
2 лажички сол
150 мл вода

Приготвување:

  1. Прво направете го тестото: Ставете во сад брашно и сол. Во тава ставете ги водата, маста и млекото и малку загрејте ги па прелијте ги врз брашното. Додадете разматено јајце и замесете тесто па оставете го малку да отстои. Во меѓувреме ставете во тавата шеќер, брусници и сок од портокал па соединете ја смесата на тивок оган.

 

2. Подгответе го и филот: На загреано масло додадете ситно сечкан кромид, сланината исечкана на ленти, лукот и меленото месо и динстајте околу половина час. Пред крајот додадете ги ф`стаците, ливчињата мајчина душица и жалфија.

3. Калапот за печење обложете го со хартија за печење, расукајте 2/3 од тестото и прекјријте го калапот се до рабовите. Ставете врз тестото пола од месната смеса, потоа брусниците и врз тоа остатокот од месото. Пректијте со остатокот од тестото и премачкајте со јајце.
Печете на 200°C 30 минути, а потоа намалете ја тенпературата на 180°C и печете уште 30 минути.
Оладете пред послужување.