Паста со костени и прокељ

Искористете ги максимално овие вкусни есенски плодови. Костени во сите варијанти.

0
529

Состојки:

200 г костени
500 г прокељ
100 г пршут
100 г сланина
500 г тестенини
Сол, црн пипер

Приготвување:

Сварете ги костените и излупете ги. На главичките прокељ отсечете им го долниот потврд дел, преполовете ги и варете ги околу две минути во зовриена и посолена вода.
Исечкајте ги сланината и пршутот на лентички. Сварете ја тестенината ал денте.

На тава, на маслиново масло пропржете ги пршутот и сланината додека не станат крцкави па додадете го прокељот, помешајте и оставете ги минута-две, а потоа додадете им ги костените.

Нека се вари се заедно уште неколку минути, а на крајот додадете ги и сварените тестенини и послужете ги попрскани со малку маслиново масло.

По желба, поросете со малку пармезан.