Гастрономско уживање со специјалитети и вината на „Стоби“

0
426

Специјално креираните гастрономски комбинации на храна и на вината од Private reserve ќе бидат претставени пред винските љубители во пет градови во земјава, како дел од соработката на винаријата „Стоби“ со шефот Огненовски. Тој е бренд амбасадор на вината на „Стоби“ не само во Македонија, туку и во регионот. Во рамките на оваа соработка, вината од Private reserve веќе беа промовирани пред винските љубители во Србија, Босна и Херцеговина и на Косово, кадешто беа организирани специјални гастрономски настани на кои овие вина ги освоија симпатиите на сите присутни. Освен што ги промовира вината на „Стоби“ на гастрономски настани, Огненовски е и консултант за креирање менија во ресторанот „Стоби“ во Градско и хотелот „Аура“ во Охрид, а во болницата „Ремедика“ креира здрави менија за пациентите.

Гастрономските манифестации кои ги организиравме во странство во соработка со шефот Огненовски наидоа на многу голем одзив, а задоволството и воодушевувањето на посетителите беше огромно. Таа атмосфера сакаме да ја пренесеме и во Македонија знаејќи дека Македонците се љубители на добра храна и одлични познавачи на виното. Неверојатните комбинации на специјалитетите на шефот Огненовски и врвните вина од нашите линии пружаат врвно гастрономско уживање кое навистина вреди да се доживее“  – вели Ана Јорданова, сопственичка на винаријата „Стоби“.

Вината од серијата Private reserve во моментов се едни од врвните производи на „Стоби“. Во вината „Акација“, „Аура“, „Аксиос“, „Аминта“, „Вердо“ и „Веритас“се вткаени вкусовите на светлината и топлината на долгото македонско лето, темпераментот на античките винари, ориенталната аура на античката Персија, како и мекоста и топлината што ја нуди реката Вардар. Со богатството на вкусови и ароми како што се јужно овошје, праска, карамел, свежо печен леб, црвени бобинки, роза, ванила, тие ги пленуваат љубителите на виното и не ги оставаат рамнодушни ниту најпребирливите.

Дека станува збор за премиум линија на вина покажува и елегантниот дизајн на шишињата коj специјално е избран за оваа серија. Дизајнот e во духот на македонската филигранска традиција, но истовремено совршено се вклопува во модерните дизајнерски текови.

Во изминатите две години овие вина освоија бројни домашни и меѓународни награди и признанија. На годинешното пролетно издание на меѓународниот натпревар „Мундус вини 2017“ кој се одржа во февруари во Германија, „Стоби“ освои три медали, од кои две златни медали беа за вината од Private Reserve. На шестиот Балкански интернационален вински натпревар во Софија, Бuгарија, вината од Private reserve се закитија со два сребрени и еден бронзен медал. На најстариот вински натпревар во светот, „Вино Љубљана“ кој се одржува во Словенија, две вина на „Стоби“ ги добија највисоките златни признанија. Едно од тие вина беше од линијата Private reserve. Овие вина златните медали ги освоија во конкуренција на 430 вина од 19 држави меѓу кои и од Италија, Шпанија и Аргентина. На натпреварот Декантер, „Стоби“ доби две бронзени медали, од кои една за вино од Private reserve, како и една препорака за Private Reserve Veritas 2013.