Шеф Влатко Огненовски направи десерт со замрзнување на минус 200

0
819

Мисијата на Шеф Влатко Огненовски е да направи револуција во македонското кулинарство преку креирање на современа македонска кујна со користење на нашите природни ресурси, а најново со што ги воодушеви присутните на денешниот настан во организација на винаријата „Стоби“  беше подготвувањето на десерт на минус 200 степени, со помош на течен азот.

„Мојата главна цел е подигање на ресторанската сцена во Република Македонија и промоција на македонските Стоби вина и на модерната македонска кујна во земјава и во светот. На оваа тема направивме доста работилници, а последната и најважна беше во ресторанот 3.000 метри“, вели Огненовски.

Тој вели дека е основоположник на Cryo kitchen Macedonia а готвењето со течен азот го демонстрираше со десертот кој го подготви за сите присутни на настанот во ресторанот „Ла тераца“, во Скопје.

„Бренот е регистриран и веќе испровоциравме голем интерес во пакет со винаријата „Стоби“ и Месер техно гас кој ме поддржаа во секоја смисла. Целта е промоција на модерната македонска кујна и на вината на Стоби“, вели шеф Огненовски.