Состојки:
1 ½ шолја кускус
1 лажица маслиново масло
1 кромид, сечкан
1 морач, сечкан
2 ½ шолји тиква сечкана
3 лажици свежа жалфија, сечкана
¾ шолја сува брусница
½ шолја суво грозје
1 ½ шолја сок од јаболко, оставете ¼ на страна
¼ масло
3 лажици црвен вински оцет
сол, црн пипер
1 лажица магдонос, сечкан
Приготвување:
1. Зовријте вода и во неа сипете го кускусот, оставете го да се вари 8 минути. Исцедете го и тргнете го на страна.
2. Загрејте маслиново масло на средно силен оган, испржете го кромидот 1 минута, со често мешање. Додадете го морачот и пржете уште 5 минути или додека омекне. Додадете ги тиквата, жалфијата, брусницата, сувото грозје и сокот од јаболко и варете 15 минути. Наросете сол и црн пипер. Префрлете ја смесата во кускусот.
3. Во мал сад измешајте ¼ од сокот од јаболко, масло, оцет и сол и црн пипер, па сипете ги во кускусот. Додадете магдонос и измешајте.