Ако ви остане од пирето од компири што сте го направиле за ручек, никако немојте да го фрлате туку искористете го за едноставно суфле кое искомбинирано со вашата омилена салата може да се преобрази во вистински специјалитет
Состојки:
200 г пире од компири
150 г шунка или сланина
3 лаици презли
2 јајца
Путер
3 лажици павлака
Чешне лук
Мускатно оревче
3 лажици пармезан
Сол и црн пипер
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180°C и намрсете го огноотпорниот сад. Поросете го со презли.
2. Помешајте ги пирето, жолчките, пармезанот, павлаката и лукот па зачинете со мускатно оревче, сол и црн пипер.
3. Измешајте ги белките со малку сол и додадете ги во смесата со компири.
4. Додадете по желба, сланина или шунка исечена на коцкички и префрлете ја смесата во подготвениот сад.
5. Печете околу 40 минути и послужете со омилената салата.
Совет: Во смесата можете да додадете цветчиња брокула кои претходно ќе ги бланширате или рендана тиквичка која добро ќе ја исцедите.