Лесна салата со спанаќ и јаболка

Почестете се со оваа интересна салата која е готова за само 10 минути

0
1969

Ако никогаш досега не сте искомбинирале јаболки, ореви, фета сирење, и брусници – сега е време да го направите тоа. Можеби звучи малку необично ама вкусот е одличен.

Направете ја непосредно пред послужување за да не се случи јаболкото да потемни, а листовите спанаќ да ја загубат свежината.

Состојки:

1 кг свеж спанаќ

1 црвено јаболко

1 зелено јаболко

120 г сечкани ореви

50 г фета сирење

40 г суви брусници

За прелив:

2 дцл сок од јаболки

4 лажици јаболков оцет

2 лажици мед

50 мл маслиново масло

Сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Јаболките исечете ги на кришки, исечкајте ги оревите и помешајте ги со спанаќот. Додадете здробено фета сирење и брусници и прелијте со подготвемиот прелив пред да послужите.