Најчести состојки на овие брзи колачи се чоколадото, кексите и сувото овошје, но можете да додадете и нешто друго што ви се наоѓа во кујната. Чоколадни трошки, овесни снегулки, мед, цимет, рендана кора од лимон, јаткасто овошје…
За почеток, испробајте го овој рецепт со чоколадо, ореви и кекси, а потоа правете ги своите верзии.
Состојки:
250 г кекси со путер
250 г ореви (лешници или бадеми)
300 г црно чоколадо
100 г путер
3 лажици мед
Приготвување:
- Премачкајте го садот со путер и ставете хартија за печење.
- Помешајте ги елените кекси со исечканите ореви и распоредете ги во садот.
- Стопете го чоколадото на пареа заедно со путерот, додадете мед и прелијте врз оревите и кексите.
- Измазнете и ставете во фрижидер да се стегне најмалку два часа.