Сите состојки за овие брзи крекери сигурно ги имате дома, а можете да ги подготвите за само 20 минути. Поросете ги со крупна сол и со сусам, грицкајте и уживајте.
Една шолја во рецепт се однесува на мерка од 250 мл.
Состојки:
1 шолја брашно (можете да ставите пола шолја интегрално брашно)
Малку помалку од пола шолја вода
Прстофат сол
Приготвување:
- Замесете тесто од состојките, а ако ви е премногу тврдо, додадете вода.
- Расукајте го што потенко за да добиете крцкави тенки крекери. Исечете ги во саканите облици, избоцкајте ги со вилушка и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.