Како се јаде суши?

Не постои еден „правилен“ начин да се јаде суши затоа што и во Јапонија, кадешто е ова традиционално јадење, постојат многу техники, како што постојат и различни видови суши

0
551

Ако досега не сте имале можност, овие совети ќе ја направат полесна вашата прва средба со сушито…

Суши се служи главно на дрвени чинии, може да се јаде со помош на стапчиња, но традиционално се јаде со прсти. Она што никако не би смееле да правите е да побарате нож и вилушка затоа што тоа може да значи само едно – рибата е тврда и жилава, а тоа е навреда за готвачот.

Со оглед на тоа што овој специјалитет од варена или од сирова риба се јаде со прсти, гостите во рестораните добиваат топол пешкир за можат пред оброкот како и после секој залак, да ги избришат рацете.

Она што би требало да знаете е дека едно суши се јаде во еден залак. Значи, не се гризе туку наеднаш, цело се става во уста. Прифатливо е, евентуално, да го изедете во два залака, но гризнатата половина не треба да ја враќате на чинијата.

Покрај суши на чинијата добивате и сос, но и тука има „правило“. Имено, за да го натопите во сосот, треба да го свртите сушито и да го натопите оној дек на кој е рибата, а не оној на кој е призот.

Освен тоа, непишано правило е да не го топите премногу во сосот затоа што во спротивно нема да го почувствувате вистинскиот вкус на сушито. Патем би можеле да го навредите и готвачот кој ќе помисли дека неговиот специјалитет не ви се допаѓа па го „потопувате“ во сосот за да го изедете полесно.

Ѓумбирот кој ви е послужен служи за да ви ја прочисти устата и се јаде помеѓу различните видови на суши за да не ви се измешаат вкусовите.