Сочен колач од лимон

0
1122

Без размислување лимонот можеме да го наречеме супер намирница. Лесно се вклопува и во солени и во благи јадења, а е основа за многу вкусни и освежителни пијалоци.
Веруваме дека сте слушнале за она дека денот треба да го почнете со шолја млака вода помешана со сок од лимон. Ние ви предлагаме лимонот да стане и ваша попладневна навика – во облик на генијални десерти. Почнуваме со едноставен колач од лимон кој во комбинација со малку шеќер во прав станува врвен десерт. Уживајте во киселкаст, мек, ароматичен и сочен колач.

Состојки:

200 г шеќер
50 г путер
3 лимони (кора од два лимони и сок од 3 лимони)
3 јајца
2 лажички прашок за пециво
250 г брашно
рум
шеќер во прав

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Исечкајте или излупете два лимони па изрендајте ја кората и помешајте ја со лажица шеќер
  3. Додадете ги путерот и јајцата и мешајте со миксер. Потоа додадете малку рум, па брашното и прашокот за пециво.
  4. Помешајте и додадете сок од 1 лимон и ако е потребно, малку млеко.
  5. Печете околу 45 минути додека колачот на добие боја.
  6. Во меѓувреме помешајте сок од 1 лимон со малку шеќер. Извадете го колачот од рерна, издупете со вилушка дупчиња и прелијте го сокот врз колачот. Оставете да се олади и поросете со шеќер во прав.