Овој оброк се прави од две едноставни состојки чија комбинација е одамна испробана како една од највкусните летни варијанти. Со неколку додатоци, ќе добиете малку поинаков и уште поосвежителна ужинка.
Состојки:
1 помала лубеница
120 г козјо сирење исечено на тенки парчиња
1 лажица мед
1 лажица сок од лимон
Рендана кора од пола лимон
3-4 ливчиња нане исечкано на тенки ленти
Приготвување:
- Одвојте ја лубеницата од кората и со помош на калап за колачи или капаче од тегла исечете тркалца. Ставете ги во пластична чинија и во замрзнувач додека не дојде време да ги послужите.
- На поголема чинија ставете во слоеви парчиња лубеница и парчиња сирење.
- Во помала чинија помешајте мед и сок од лимон и мешајте додека свете состојки не се соединат. Прелијте ја оваа смеса врз лубеницата и сирењето со рендана кора од лимон и ливчиња нане. Веднаш послужете.