Состојки:
За кремот од лимон:
80 г путер
200 г шеќер во прав
2 јајца
2 жолчки
100 мл сок од лимон
Рендана кора од 1 лимон
За тестото:
200 г брашно
100 г путер
50 г шеќер во прав
1 јајце
Прстофат сол
Приготвување:
- Прво подгответе го кремот такашто ќе ги изматите со миксер путерот и шеќерот, па ќе ги додадете јајцата и сокот од лимон. Во сад со дебело дно на среден оган полека варете го кремот додека не се згусне (околу 15 минути). Тргнете го од оган и додадете кора од лимон па оставете го кремот да се олади додека вие го правите тестото.
- Замесете го тестото од сите состојки и со мали калапи формирајте тркалца па испечете ги набрзина. (Ако немате калапи обликувајте од тестото топчиња на кои во средина ќе им направите вдлабнатина).
- Кога тестото ќе се испече наполнете го со крем од линмон и вратете го накусо да се запече (околу 10 минути)